Информации за заштита на лични податоци и обработка на податоци при користење на С - Портал

Home

Шпаркасе Банка АД Скопје, како дел од Steiermärkische Sparkasse Групацијата е правно лице кое согласно Законот за заштита на личните податoци и одредбите на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR) и важечките прописи е дефинирано како Контролор кој ги собира, обработува, користи и анализира личните податоци на своите вработени.

Банката како работодавач и контролор на вашите лични податоци е високо свесна за важноста што ја имаат личните податоци за секоја индивидуа. Согласно на тоа, целосно го почитува правото на приватност на своите клиенти при обработката на нивните лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податoци и одредбите на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR).

Целта на Законот за заштита на лични податоци

Целта на Законот за заштита на лични податоци е заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци на физичките лица.

Дефиниции

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Контролор на збирка на лични податоци

Шпаркасе Банка АД Скопје
Ул. Васил Чакаларов бр.14, 1000 Скопје
Тел.: + 389 2 15 050
Факс: + 389 2 3200 515
Е-пошта: contact@sparkasse.mk

Овластено лице за лични податоци и контакт

Офицер за заштита на лични податоци
Блаженка Мицевска Пејкова
Тел.: + 389 2 3200 507 07
Е-пошта: privacy.protection@sparkasse.mk

Лични податоци кои ги обработува Банката и изворите од кои ги добива

Банката ги обработува личните податоци кои ги добива лично од Вас во оригинална форма при најава и користење на С-Портал.

Вашите лични податоци кои Банката ги обработува при користење на дигитални канали се:

  • Име и Презиме
  • ЕМБГ
  • E-mail адреса
  • IP адреса
  • Адреса на живеење
  • Тел број за контакт
  • Број на сметка
  • Корисничко име

*Мобилната апликација нуди можност за најава и авторизација на налози преку Fingerprint/Face ID/ Touch ID функциите на мобилниот уред од клиентот. Банката не ги собира, чува или обработува биометриските податоци и нема пристап до истите.

За кои цели се користат личните податоци и информации?

Вашите лични податоци Банката ги обработува заради автентикација на клиентски податоци со цел овозможување на пристап до С - Портал.

Правен основ за обработка лични податоци во Банката

Банката врши обработка на Вашите лични податоци врз основа на:

  • Исполнување на договорни обврски, како и заради преземање на активности на барање на субјектот на лични податоци пред негово пристапување кон склучување на договор,
  • Законска обврска врз основа на Законот за платежни услуги и платни системи (ЗПУПС).

Корисници на лични податоци

Пристап до лични податоци имаат овластени лица вработени во организационите единици во Банката, како и ангажирани лица заради исполнување на договорните и законските обврски, или кои имаат легитимен интерес.

Банката може да дава информации за своите клиенти само ако тоа претставува законска обврска, договорна обврска или доколку клиентот има дадено согласност за тоа, како и за потребите и целите на ревизија, доколку тоа е неопходно за резервациски активности.

Рокови на чување лични податоци во Банката

На веб порталот не се зачувуваат лични податоци. На барање на клиент се овозможува пристап до документи и известувања согласно ЗПУПС согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам Банката е должна да ги чува 10 години од момент на прекинување на деловен однос со банката.

Банката ги чува личните податоци не подолго од тоа што е потребно за целите поради кои се обработуваат, односно сè додека има договорна обврска со клиентот. Банката има потреба да ги заштити сопствените права пред судските или другите органи и додека постои законска обврска да ги чува податоците. По изминување на овој период, во интерно утврдена постапка Банката ги уништува податоците и документите, вклучително и податоците што се обработуваат од трети страни во име и за сметка на Банката.

Пренос на лични податоци во трети земји

Вашите личните податоци ќе бидат пренесени во трети земји (земји на ЕУ, како и земји надвор од ЕУ) само доколку тоа е предвидено со закон/пропис, договор, легитимен интерес на банката или врз основа на дадена ваша согласност, вклучувајќи и пренос во рамките на Групацијата на која банката и припаѓа, надвор од матичната земја.

Права на субјектите за заштита на личните податоци

Принципот на отчетност и транспарентност е фундаментален принцип на секој систем за заштита на личните податоци.

Банката како контролор има воспоствено принципи и механизми за транспарентно информирање и остварување на правата на субјектите на личните податоци согласно Законот.

Банката го информира субјектот за личните податоци за неговите права и обврски во моментот на прибирањето на податоците односно оставурвање на деловната соработкa.

Според Законот за заштита на личните податоци, базичните права за заштита на лични податоци се:

  • право на транспарентност и информираност;
  • право на пристап до лични податоци;
  • право на исправка на вашите неточни лични податоци како и дополнување на вашите нецелосни лични податоци со давање на дополнителна изјава;
  • право на бришење на вашите лични податоци доколку се исполнети законските условите за тоа;
  • право на ограничување на обработката на вашите лични податоци;
  • право на преносливост на вашите лични податоци од страна на банката на друг контролор; доколку се исполнети условите во согласност со Законот за заштита на лични податоци;
  • право на приговор;
  • право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи профилирање;
  • повлекување на претходно дадена согласност;

За сите прашања и остварување на своите права субјектот на личните податоци може да достави Барање/Приговор и да ја контактира Банката преку:

  • e-mail адресата contact@sparkasse.mk - со назнака за Офицерот за Заштита на личните податоци,
  • директно на e-mail на Офицерот за Заштита на личните податоци: privacy.protection@sparkasse.mk,
  • по пошта адреса на Банката на: „Васил Иљоски“ бр.14, 1000 Скопје – со назнака за Офицер за заштита на личните податоци.

Образец за Барање/Приговор

Образец за Барањето/Приговорот може да се преземе од веб – страницата на Шпаркасе банка

Банката откако ќе го утврди идентитетот на подносителот на барањето во предвидениот рок ќе достави информација за преземените активности врз основа на членовите од 16 до 26 од Законот за заштита на личните податоци до субјектот на личните податоци без непотребно одложување во законски предвидениот рок од 30 дена. Доколку е потребно овој рок може да биде продолжен до три месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Во тој случај контролорот ќе го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.

Приговор може да се упати и директно на регулаторното тело Агенцијата за заштита на лични податоци (за повеќе информации видете на www.dzlp.mk).

За дополнителни информации контактирајте го нашиот Офицер за заштита на лични податоци Блаженка Мицевска Пејкова на тел. +38923200507, e-mail: privacy.protection@sparkasse.mk.