Вообичаени прашања - С-Портал

Кликнете на саканото прашање за да го видите одговорот.

Home

remove_circle_outline add_circle_outline Кој може да пристапи на С-Портал

Постоечки клиенти – физички и правни лица и потенцијални клиенти пред воспоставување на деловен однос со банката под услов да се регистрирани на OneID апликацијата.

remove_circle_outline add_circle_outline Како се прави првична регистрација на One ID апликацијата?

Сите информации околку регистрацијата и креирањето на дигитален сертификат се наоѓаат на следната веб страна: https://www.oneid.mk/za-korisnici.nspx

remove_circle_outline add_circle_outline Веќе имам инсталирано One ID апликација која ја имам користено за други намени. Дали одново да се регистрирам на апликацијата за да можам да пристапам на С-Портал?

Не, доколку еднаш се имате регистрирано на OneID апликацијата со лична карта, најавата ќе е овозможена со постоечкиот профил.

remove_circle_outline add_circle_outline Дали може клиент кој е регистриран со пасош да пристапи на С-Портал?

Во моментот оваа опција не е возможна. Доколку сте регистрирани на OneID со пасош, потребно е одново да се регистрирате на OneID со лична карта.

remove_circle_outline add_circle_outline Дали може да се пристапи на С-Портал со лична карта на која и е истечен рокот?

Не е возможно да се пристапи со невалидна лична карта. Доколку сте регистрирани на OneID со невалидна лична карта, ќе треба одново да се регистрирате на OneID со валидна лична карта.

remove_circle_outline add_circle_outline Методи за најава на С-Портал

За најава се користaт два начина.

  • Со корисничко име (e-mail) и лозинка од OneID апликацијата.
  • Со корисничко име (од NetBanking) и потврда преку апликација S-Banka

remove_circle_outline add_circle_outline Дали при најава на платформата со OneID се бара преземање на податоци од оваа апликација?

При првично најавување на порталот со OneID се презема дигиталниот идентитет од апликацијата OneID. Повеќе информации на следниов линк

remove_circle_outline add_circle_outline Што треба да направам откако ќе кликнам на копчето Download податоци?

Се појавува нотификација за потврда на преземање на податоци во апликацијата OneID. Истата треба да се потврди во самата апликација OneID.

remove_circle_outline add_circle_outline Не добивам нотификација на OneID апликацијата за преземање на податоци.

Ве молиме проверете дали Вашиот мобилен уред е поврзан на интернет мрежа. Кога мобилниот уред е приклучен на WI-FI мрежа и кога е заклучен, не секогаш ја добива нотификацијата и можно е да пристигне со закаснување. Во овој случај потребно е да ја отворите апликацијата OneID.

remove_circle_outline add_circle_outline Го потврдив барањето за преземање на податоци во OneID и ништо не се случува. Како да продолжам понатаму со процесот на најава?

По овој чекор потребно е да се вратите Back на С-Портал. Се појавува порака “Вчитување на податоци од OneID и од Банка, ова може да потрае 1-2 минути, Ве молиме почекајте”

remove_circle_outline add_circle_outline Вчитувањето на податоци трае неколку минути и на крај добивам грешка “Се појави грешка, Ве молиме обидете се повторно.

  1. Ве молиме проверете дали добро се исчитува вашата биометрија - отисокот од прст (fingerprint) / препознавање на лице (Face ID). Ова може да биде причина да се појавува грешка во позадина – погрешен обид.
  2. Доколку грешката се повторува, Ве молиме пријавете го проблемот на netbanking@sparkasse.mk