Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека банката воведува нова услуга во делот на реализација на трансакции за купување девизни средства на девизниот пазар со воспоставување автоматска наплата на денарската противредност за купените девизи.
Новата функционалност овозможува скратување на процесот за купување на девизи т.е. целата постапка ќе завршува со чекорот – Потврда на курс и нема да биде потребна дополнителна интеракција од Ваша страна за генерирање и потпишување налог за уплата на денарската противредност.
За користење на оваа поволност ќе биде потребнo само заверка на документот – Генерално овластување за вршење девизни платежни трансакции, за што Ве молиме да се обратите кај Вашиот матичен референт или на следната е-маил адреса:
MLfxpazarsMAK@sparkasse.mk
Благодариме за довербата.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје